Поврзете се со нас

Англија

Силва откри зошто ги одби арапските милиони: Не сакав да се откажам од тоа

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Бернардо Силва има фантастична сезона со Манчестер Сити, сезона во која тој одигра важна улога во тројната круна, поточно успесите во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампиооните.

Токму овие резултати го натераа Португалецот за размислува дали да остане на „Итихад“ или да побара нов предизвик со оглед на тоа што освои се што можеше со премиерлигашот. Барселона и Пари Сен Жермен беа две интересни опции за него, а во игра беа и понуди од Саудиска Арабија.

На крајот Бернардо одлучи да не го следи примерот на некои негови колеги и да остане со Сити најмалку уште една кампања, па запрашан за тоа што им кажа „НЕ“ на милионите од Блискиот Исток, неговиот одговор е следен:

-Ќе излажам ако кажам дека не размислував (за големите парични понуди од Саудиска Арабија). Она што ме интересираше беше жештината на играњето полуфинале на Лигата на шампионите, да слушам како е лудо на стадионот како кога дадов гол против Реал во полуфиналето или кога го добивме финалето против Интер. Не сакав да се откажам од тоа, -порача Силва.

Тој има договор со тимот од Манчестер до 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни