Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Силва откри што е дополнителна мотивација за Сити пред реваншот со Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити ги прави финалните подготовки за уште едно дерби соочување со Реал Мадрид, а утре по истото ќе биде познато која од овие две екипи ќе се пласира во полуфиналето.

Сити беше поуспешен од овој противник минатата сезона, а подоцна стигна и до европскиот трофеј, нешто што според Бернардо Силва е главна мотивација за него и неговите соиграчи, во насока на постигнување нови рекорди.

– Втора тројна титула по ред за нас е дополнителна инспирација и мотивација.

– Сакаме да оставиме длабок печат, сакаме да победиме два пати во ред во Лигата на шампионите, четири пати по ред во Премиер лигата и да стигнеме до две тројни круни по ред. Во една недела можеме да останеме без трофејот во сите натпреварувања, но ќе се бориме до крај, – изјавил Силва.

Натпреварот Манчестер Сити-Реал Мадрид се игра утре од 21 часот, а првата средба заврши со резултат 3:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни