Поврзете се со нас

Англија

Силва откри која е најлудата работа која Гвардиола ја побарал од него: Засекогаш ќе го паметам тој момент

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Бернардо Силва веќе подолго време е дел од англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, период во кој постојано соработува со шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола.

Силва е еден од омилените играчи на Гвардиола и тоа стратегот не го крие, го има потенцирано во повеќе наврати, а причината за тоа е што многу му верува во тоа што го прави и за тоа што е способен да го одработи на теренот. Кога соработувате со години имате ситуации за памтење, а Португалецот откри која е најлудата работа која Пеп ја побарал од него.

Се работи за момент од минатата сезона кога Сити му гостуваше на Арсенал на „Емирејтс“, меч на кој Бернардо играше како крило, офанзивен бек и имаше дуели со Букајо Сака.

-Најлудото нешто што го има побарано од мене е веројатно да играм крило на „Емирејтс“ против Сака. Не беше лесно и беше натпревар на голем притисок бидејќи бевме зад нив и ако загубивме или ремизиравме ќе бевме надвор од борбата за пехарот во Премиер лигата.

-Тоа што морав да го одиграм тој меч против еден од најдобрите крилни играчи во лигата беше моментот што ќе го паметам засекогаш во мојата кариера. И ми се допадна. На крајот беше тешко, но тоа беше голем предизвик кој ми се допадна, -обелоденил Португалецот за „А Бола“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни