Поврзете се со нас

Англија

Силва не ги криеше солзите по поразот од Сити, друг играч на Челси се смееше во друштво на Грилиш (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Манчестер Сити остана во трка за уште еден трофеј на домашна сцена, откако денеска во доста тешки околности го совлада Челси и се пласираше во финалето на ФА Купот.

„Сините“ не ги искористија своите стопроцентни шанси и има за што да жалат по одиграното на „Вембли“, но по последниот судиски свиреж, навивачите на клубот од Лондон добија нова причина да му се нафрлат на еден фубалер.

Тиаго Силва тешко го доживеа поразот од Сити и фактот што ќе си замине од клубот со сезона во која не освои трфеј, па додека тој ги бришеше солзите кои му доаѓаа, друг играч си се смешкаше веднаш по последниот судиски свиреж.

Мадуеке и онака често добиваше критики за потпросечните изданија од стартот на сезоната, а денеска се погрижи за нови негативни коментари поради индолентното однесување.

Додека Силва го прекриваше своето лице со дресот, Мадуеке во позадина се смешкаше со Џек Грилиш, а таковиот однос по полуфиналето му донесе лавина негативен публицитет на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни