Поврзете се со нас

Англија

Силва намерно играше со рака и спречи зицер за Кристал Палас, судијата го помилува (Видео)

Објавено

на

Челси успеа да направи пресврт во самата завршница и да дојде до важни три бода на „Селхрст парк“, што значи прва победа за „сините“ под водство на Грем Потер.

Резервистот Галагер се претвори во „џокер“ и херој со својот мајсторски погодок, но играчите, навивачите и стручниот штаб на Кристал Палас има повеќе причини за незадоволство, а една од нив е и ситуацијата од првото полувреме.

Патрик Виера во изјавата по мечот нагласи дека Тиаго Силва требал да добие црвен картон уште во првото полувреме, кога намерно играше со рака и спречи Ају да излезе очи в очи со голманот на Челси.

Иако ситуацијата се прегледуваше, Силва помина само со жолт картон, па дури и Грем Потер признава дека Силва имал среќа во оваа ситуација.

– Не сакам да зборувам за ситуацијата со Тиаго. Тешко е да се сфати и да се разбере тоа. Понекогаш, подобро е да молчите и да не зборите за тоа, инаку ќе се најдам во проблеми, – изјави нервозниот Виера.

– Фактот што беше подалеку од голот беше она што најверојатно го спаси во оваа ситуација. Ова е тешка и тесна одлука. Станува збор за ситуација 50-50 и можам да ја разберам фрустрацијата на Виера. Денеска одлуката беше на наша страна, – изјави Потер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни