Поврзете се со нас

Англија

Силва му одговори на Бруно: Ќе вмешам прсти за да заврши во Сити, а не во Јунајтед

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Жоао Невеш има само 19 години и во измиантиве два месеци собра три настапи за најсилната репрезентација на Португалија, но тоа е доволно за да се најде на насловните страни на домашните медиуми.

Фудбалерот кој е избран да биде нов голем фудбалски бисер на Бенфика веќе го сврте вниманието на себе, особено на клубовите од Премиер лигата кои во последно време се научија да пазарат од Португалија, а притоа да не штедат за да го добијат тоа што го сакаат.

Бруно Фернандеш како капитен на Манчестер Јунајтед го предложи Невеш до упрвата на клубот и го препорача како квалитетно засилување за во иднина, но мирен не остана и Бернардо Силва од Манчестер Сити, кој сега му одговори на својот репрезентативен колега.

– Многу сум среќен за Жоао и за други деца кои доаѓаат од фудбалската школа на Бенфика. Јас го минав тој пат и стигнав до националниот тим. Сметам дека Невеш може да игра во Премиер лигата, може да игра во било кое најсилно натпреварување. Гледам дека е фокусиран на својот клуб и тоа за него е најважно во овој момент.

– Има светла иднина пред себе, пристигна во националниот тим и брзо успеа да се вклопи. Тој е тука за да ни помогне и ако селекторот смета, може да биде и важен на Европското првенство. Дали треба да го избере Сити пред Јунајтед? Ако можам да вмешам прсти, ќе го направам тоа. Ќе направам да го избере Сити пред Јунајтед. Секако дека сакам да го видам во синиот, а не во црвениот дрес, – изјави Бернардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни