Поврзете се со нас

Свет

Силва му испрати поддршка на Нејмар: Овие работи можат да те повредат…

Објавено

на

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар пред неколку денови отворено призна дека размислува да и стави крај на својата кариера и тоа онаа репрезентативната.

Нејмар: Немам повеќе сили, СП во Катар ќе биде последно во мојата кариера

Тој се отвори и посочи дека едноставно нема повеќе сила да се бори, па оти Светското првенство во Катар најверојатно ќе биде негово последно и покрај тоа што тогаш ќе има само 30 години. Оваа изјава донесе многу реакции, стигна поддршката за него од соиграчите, а најдиректен беше стоперот Тијаго Силва кој го сподели своето искуство.

-Овде во националниот тим поминав низ неколку моменти кои се многу слични [со она низ што поминува Нејмар], особено по Светското првенство во 2014 година. Ме викаа плачко, слабак, многу слаб ментално. Ова се работи што ве повредуваат и знаете дека не сте онакви како што ве нарекуваат.

-Се надевам дека нема да ја загуби радоста, продолжи да биде среќен како што е секогаш. Тој е многу посебно дете и кога е среќен, го прави она што го сака, го остварува, -речи Силва кој потоа ги искористи социјалните мрежи да испрати уште една порака до соанродникот.

-Ако ти треба некој силен крај тебе, знаеш дека секогаш ќе бидам тука. Семејството Силва те сака, -напиша стоперот на Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни