Поврзете се со нас

Англија

Силва изненаден од тактичката определба на Арсенал на дербито: Крилата им играа како бекови…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Арсенал загуби на сите три меча кои ги одигра против Манчестер Сити минатата сезона, но оваа не загуби ниту еден, со тоа што на првиот победи на домашен терен.

„Топчиите“ вчера беа максимално добро поставени на „Итихад“ и не дозволија ниту една дупка пред голот на Раја, а тоа резултираше со неатрактивно реми кои сепак повеќе ги задоволи гостите од Северен Лондон.

Играчите на Пеп Гвардиола беа фрустрирани на моменти и тоа можеше да се забележи од нивните реакции, па Бернардо Силва е еден од оние кои не крие дека останал изненаден од предефанзивниот пристап на тимот на Микел Артета.

– Дали сум изненаден од пристапот на Арсенал? Да бидам искрен, да. Минатата година кога играа против нас, секогаш беа агресивни и одеа со отворен гард. Играа човек на чивек, но ние ги добивме сите три меча.

– Оваа сезона се одлучија за нешто поинакво. Дури и кога играа на „Емирејтс“, тие чекаа длабоко во својата половина, имаа длабок блок и беа многу трпеливи. Ако се гледа реално, го добија тоа што го посакуваа. Нас ни беше многу тешко, тешко е да се игра со тим кој ве маркира и игра човек на човек. Нивните крила играа како бекови и често се соочувавме со последна линија од шест нивни играчи. Не беше лесно да се игра и почувствував дека ќе биде тешко уште во првите неколку секунди. Мора да се признае дека беа многу добро организирани, не можевме да креираме шанси за гол, – изјави Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни