Силва издвои три екипи кои се фаворити за пехарот во Лигата на шампионите

siti

Манчестер Сити својата одлична форма ја потврди на на првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите каде како гостин го збриша Базел со 4-0 и со тоа практично да си го обезбеди и пласманот меѓу осумте најдобри во ова натпреварување.

Еден од играчите кој ја одбележа средбата на „„Сент Јакоб Парк“ беше Бернардо Силва кој постигна еден погодок, плус со своите потези ја воодушеви публиката, меѓутоа Португалецот без разлика на овој негов настап и екипата не го гледа Сити како главен фаворит за пехарот во ЛШ.

-Ова беше фантастичен настап, да се дојде тука и да се победи со 4-0 против овој тим на гости е навистина тешко во ова натпреварување. Фаворити за титулата? Не, сметам оти тимови како Барселона, Реал, Баерн Минхен се повеќе навикнати да играат вакви натпревари од нас во вакво специјално натпреварување. Иако сме во добар момент, знаеме дека можеме нештп да направиме, ама не сме фаворити, -рече Силва.

Facebook Коментари