Поврзете се со нас

Англија

Силва има интересно трансфер засилување за Арсенал: Сакаме да ги видиме најдобрите играчи во светот…

Објавено

на

foto: x.com/TonyAdams

Жилберто Силва своите најдобри години во кариерата ги мина во дресот на Арсенал, тим во кој настапуваше од 2002 со 2008 година, период во кој ги освои сите титули со „топчиите“ во Англија.

Неговата врска со клубот од северен Лондон е многу цврста, блиска и тој посакува истот да ниже успеси, да триумфира, па така од свој агол даде едно занимливо предлог засилување, засилување кое според него би било од голема помош за Арсенал-тоа е членот на Ал Хилал, Нејмар Жуниор.

-Би сакал да го видам Нејмар во Премиер лигата со Арсенал, би било интересно тоа е сигурно. Тоа би им донело многу радост на фановите и би ја направило натпреварувањето уште поспецијално.

-Кога ќе ја погледнете Премиер лигата, сакаме да ги видиме најдобрите играчи во светот и да го имаме тука би било одлично. Ајде да видиме. Не е невозможно тој да му се приклучи на Арсенал, зошто да не, -вели Силва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни