Македонија
Силјановски: Тимската хемија ќе биде силно оружје на Работнички

Тимот на Работнички веќе неколку денови е во Охрид каде ја одработува главната фаза од подготовките за новата натпреварувачка сезона.
Капитенот на екипата, Горан Силјановски е задоволен како течат подготовките и притоа смета дека нивното единство, тимската игра ќе бидат главно оружје во кампањата 2020/2021.
-Условите во Охрид се прекрасни. Тренираме во пеколно темпо по два пати на ден. Тимската хемија е на завидно ниво и ништо не ни изгледа тешко и невозможно. Токму тоа единство во тимот верувам ќе биде наше силно оружје сезонава. Полека влегуваме во завршната фаза од подготовките и низ тест средби треба да ја доведеме формата до завидно ниво, -истакна Силјановски кој даде коментар за победата на пријателскиот натпревар со Пелистер (2-0).
-Секоја победа е добра за ветар во грб на екипата, но мене како капитен ме радуваше играта и пристапот во мечот. Во Охрид ќе одиграме уште две контролни средби со Шкендија и со Тиквеш, па ќе имаме уште две можности да видеме до каде сме со подготовките, -рече капитенот за официјалниот клупски сајт.
-
Светпред 17 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 9 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 17 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 18 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 21 час
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 18 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти