Силјановски: Мечот со Борец е како финале за нас

siljanovski

Работнички игра лошо во оваа натпреварувачка кампања и по 15. одиграни кола е на последното 10 место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, односно под итно му се потребни бодови за да ја поправи ситуацијата.

Добра можност за тоа е дуелот со Борец кој е еден од директните конкуренти за опстанок, па пред средбата во Скопје капитенот Горан Силјановски испрати јасна порака:

Сами дозволивме да бидеме во една ваква ситуација и самите треба да се извлечеме. Има квалитет во овој тим на Работнички, но едноставно работите не одат најдобро на резултатски план. Мораме да сториме се за да го добиеме утрешниот меч со Борец. Можам да кажам дека тоа е како финале за нас, бодовите ни се повеќе од потребни. Верувам дека ќе одиграме квалитетно и дека ќе успееме да го совладаме противникот, – вели Силјановски.

Facebook Коментари