Поврзете се со нас

Шпанија

Силесен правеше чуда на „Месталја“, Валенсија се избори за херојски пресврт во дербито (Видео)

Објавено

на

blank

Јаспер Силесен повеќе од четири месеци беше надвор од терените поради тешката повреда и операцијата на десната нога, па изминатава вечер го запиша својот трети настап во дресот на Валенсија оваа сезона.

Холанѓанецот во период од седум дена собра три старта, па така по победата над Селта Виго и трите примени гола во поразот од Хетафе, изминатава ноќ беше вистински херој во важниот триумф на „лилјаците“.

Валенсија го победи Вилјареал во регионалното дерби на херојски начин, бидејќи на пет минути пред крајот на мечот имаше негатива од 0:1, а потоа направи пресврт за 2:1. Карлос Солер израмни од пенал на 1:1, а Гонсало Гуедеш во 91-та минута погоди за 2:1 и целосен пресврт на „Месталја“.

Пред да се случи ова, круцијалната улога ја одигра токму Силесен, кој имаше четири одлучувачки интервенции, од кои две беа чудесни при водство од 0:1 за Вилјареал.

Силесен најпрво интервенираше со нога и спречи гол на Алкасер, а потоа го доби и дуелот со Жерард Морено со фантастична рефлексна парада.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни