Поврзете се со нас

Македонија

Силекс се засили со голманот Филевски

Објавено

на

Македонскиот фудбалки прволигаш Силекс официјализираше уште едно име во овој преден рок и тоа засилување на голманската позиција.

Нов член на лидерот во Првата македонска лига е 20-годишниот Никола Филевски. Тој во Силекс доаѓа од редовите на Борец, а во досегашната кариера бил дел и од составите на Вардар и Работнички.

Тимот предводен од Васоски имаше одлични резултати во првиот дел од сезоната, Силекс е прв во шампионатот, обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот, па во клубот владее одлична атмосфера и верба дека може да се освои барем една титула во натпреварувачката 2024/2025.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни