Поврзете се со нас

Македонија

Силекс се пофали со потписот на Мицевски, Елмазоски потпиша за Шкупи

Објавено

на

Доскорешниот капитен на Вардар, Дарко Мицевски е нов член на екипата на Силекс, објави прволигашот од Кратово.

Откако Вардар се реши да направи промени и стна јасно дека Мицевски не е во плановите, популарниот „Панта“ пронајде нова средина и во вториот дел од кампањата ќе го носи дресот на Силекс, тим со кој ќе се бори за титулата во Првата македонска лига, но и во Купот на Македонија.

Дарко е искусен фудбалер, ас кој освен во нашата земја има настапувани и во Србија, Белорусија, Либан, Летонија и сигурно ќе биде важна опција за тренерот Васоски со кого имаат соработувано во минатото.

Кога се во прашање македонските прволигаши, Шкупи се пофали со потписот на 20-годишниот Белул Елмазоски.

Белул е играч роден во Италија кој настапувал во помали клубови во оваа земја.

-Го откривме во Италија, има италијански и македонски пасош. Веруваме дека во нашите редови ќе се развива, а во иднина неговото име многу ќе се слуша, -порача Ајкут Туран, извршниот директор на клубот од Чаир.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни