Македонија
Силекс се намачи против Скопје, но освои три бода во Кратово

Третиот круг во Првата македонската фудбалска лига беше отворен со еден натпревар ова саботно попладне, а истиот се играше во Кратово меѓу екипите на Силекс и Скопје.
Домашниот тим влезе како фаворит за освојување на трите бода, но гостите направија се за да го оневозможат тоа и им успеваше до 15 минути пред крајот.
Скопје пружи силен отпор и се врати по почетната негатива, меѓутоа прими два гола во самата завршница и тоа беше пресудно за нов пораз во домашниот шампионат.
Катаниќ го отвори резултатот рано во 9-та минута и најави добро попладне за кратовчани, но Скопје не се откажа и во првиот дел му беше поништен еден сомнителен гол.
Резултатот сепак се менуваше на стартот на вториот дел кога Хајдари израмни на 1:1, а овој гол беше активен до 74-та минута кога Ѓорѓиевски од втор обид погоди за 2:1. Истиот играч беше стрелец и на последниот гол во судиското продолжение за конечни 3:1.
-
АТПпред 15 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 12 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Англијапред 11 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 14 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 13 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
НБАпред 14 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Реал Мадрид потврди уште едно засилување за новата сезона