Поврзете се со нас

Македонија

Силекс преку Струга до билет за финалето на Купот на Македонија

Објавено

на

Составот на Силекс е противникот на Академија Пандев во финалето на Купот на Македонија.

Клубот од Кратово се избори за славје над Струга Трим Лум (1-0), а со тоа и можност да се бори за пехарот во Купот. Средбата во Струга донесе машка и цврста борба, средба на која немаше премногу вистински шанси, па на крајот решаваа детали, еден прекин во самиот финиш.

Избраниците на Горан Симов до голот вреднен победа и финале дојдоа во 81 минута кога по центаршутот на Ристов топката дојде до Каракамишев кој ја испрати топката во мрежата на голманот Мирселоски.

Да посетиме вчера Академија Пандев исто како гостин ја победи Македонија Ѓорче Петров со 3-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни