Поврзете се со нас

Македонија

Силекс ја освои Струмица и продолжи да се бори за титулата, Тиквеш оствари голема победа над Гостивар

Објавено

на

Фото:www.facebook.com/fcsileks

Вчерашното реми на Шкендија против Вардар значеше дека Силекс денеска може да ја намали негативата на табелата, а одличното издание на кратовчани против Брера Струмица ја разгорува битката за титулата.

Силекс оствари рутинска победа од 0:2 на гостувањето кај тимот кој е во сериозен пад во вториот дел од сезоната, па така од сигурната зона, Брера сега е на делба на 10-та позиција на табелата.

Од друга страна, новите три бода за Силекс значат дека тимот на Васоски сега има само два бода помалку од Шкендија, односно три повеќе од Работнички кој денеска испушти два бода во завршницата.

„Романтичарите“ беа пред победа против Воска Спорт, но примија гол во 94-та минута и натпреварот заврши 1:1.

За разлика од Брера Струмица, Тиквеш денеска успеа да изелзе од опасната зона, и тоа со победа над Гостивар со 2:0.

На останатите два натпревари, Беса ја победи Струга со 3:2, а Шкупи на домашен терен претрпе пораз од Пелистер (0:1).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни