Поврзете се со нас

Македонија

Силекс ја наполни мрежата на Вардар, Ристевски донесе радост за Струга

Објавено

на

Тимот на Силекс му нанесе тежок пораз на Вардар од 4-0 на денешниот меч од третото коло во првата фудбалска македонска лига.

Клубот од Кратово славеше убедливо во Скопје на националната арена „Тодор Проески“ со што се искачи на врвот на прволигашката табела со седум бодови, учинок кој го имаат Шкупи и Шкендија, но избраниците на Симов имаат подобра гол разлика.

Драшковиќ, Ивановски, Ѓорѓиев и Ѓуриќ беа стрелци на погодоците за Силекс. Вардар сега има учинок од една победа и два порази што тимот на Васоски го сместува во долниот дел на табелата заедно со Македонија ЃП со три освоени бодови, поточно само пред Академија Пандев и Беласица.

Струга ТЛ славеше над Борец со 1-0 со погодокот на Ристевски во самата завршница, додека без победник и без голови заврши битката меѓу Пелистер и Работнички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни