Поврзете се со нас

Лига Европа

Силекс го заврши својот европски сон со елиминација од Дрита (Видео)

Објавено

на

Откако го заврши својот настап во квалификациите во Лигата на шампионите по поразот од силниот Карабах, кратовски Силекс вечерва и официјално го заврши својот европски сон, бидејќи на националната арена „Тодор Проески“ претрпе поразд од Дрита.

Првото полувреме во Скопје беше навистина очајно и до израз дојдоа само острите стартови на двете страни, по што на стартот на вториот дел следеше најлошо сценарио за нашиот претставник во Лига Европа. Косовскиот тим поведе од белата точка со голот на Гербеши, погодок кој сепак на успеа да ги разбуди кратовчани кои цел натпревар го одиграа во идентично темпо.

Силекс имаше само неколку обиди од голема дистанца во обид да го загрози противничкиот гол, но ниту еднаш не стануваше збор за нешто сериозно.

Во 78-та минута, Грозданоски заработи втор жолт картон и порано го заврши мечот, а само две минути подоцна, гостинот ја искористи предноста од играч повеќе и зголеми на 0:2.

Тимската акција во гол ја претвори Лимани, по што стана јасно дека Силекс сега ќе може да се фокусира исклучиво на натпреварите во Првата лига, бидејќи заврши со настапите и во Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни