Поврзете се со нас

Англија

Сигурна партија на лидерот: Ливерпул за едно полувреме го потопи Борнмут (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Екипата на Ливерпул без проблеми го реши гостувањето кај Борнмут во рамките на 21. коло во Премиер лигата.

Иако Клоп поради различни причини не можеше да смета на неколку стандардни првотимци, тоа не беше проблем да се дојде до посакуваниот резултат или поточно во случајов тоа беше славје од 4-0.

Во првиот дел мрежите мируваа, но по паузата гостите го разбија домаќиниот и тоа преку головите на Нуњез (2) и Жота.

Уругавецот стрелаше во 49 и 93 минута, додека пак Португалецот беше прецизен во 70 и 79 минута.

Ливерпул сега има 48 бода, пет повеќе во однос на второпласираниот Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни