Сигурен старт за Ѓорческа на турнирот во Шпанија, следи битка со третата носителка

lina

Најдобриот македонски рекет, Лина Ѓорческа имаше посакуван старт на силниот ИТФ фјучерс во Гечо (Шпанија) кој се игра на земјена подлога.

На турнирот кој е со вредност од 25.000 американски долари нашата Лина во првата рунда ја победи домашната тенисерка Ивон Кавале-Реимерс со 2-0 во сетови. Мечот на теренот број два траеше 1 час и 9 минута, време во кое Ѓорческа обезбедија славје од 6-2 и 6-1.

Ова за тетовката е значаен триумф кој сигурно ќе донесе поголема самодоверба, а тоа дефинитивно и е потребно со оглед на тоа што о второто коло ја очекува битка со третата носителка Олга Саез Лара која беше подобра од Русинката, Јана Сизикова.

Facebook Коментари