Поврзете се со нас

Европски првенства

Сигурен германски стартер драстично го промени изгледот пред четвртфиналето со Шпанија (Фото)

Објавено

на

x.com: DFB/Philipp Reinhard

Јулијан Нагелсман засега доби посакуван одговор од оние играчи кои му се сигурни стартери, па мали се шансите дека нешто ќе менува денеска во пресрет на четвртфиналето со Шпанија.

Клучен сегмент од играта на Германија е дисциплината и организираноста во средниот ред, а задолжени за контрола на играта се Тони Крос, Илкај Гундоган и Роберт Андрих.

Овој последниот се избори за стартерски статус благодарение на сензационалната сезона која ја имаше во Баер Леверкузен, но покрај добрите изданија, сега го привлече вниманието и со драстичната промена на изгледот.

Андрих ќе биде лесно препознатлив на теренот на денешното четвртфинале и за фудбалските коментатори, а причина за тоа е фактот што ја обоил косата со розева боја.

Големата европска пресметка е прва на програмата денеска во 18:00 часот, дуел со кој ќе започнат осминафиналните возбудувања на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни