Поврзете се со нас

Светски првенства

Сигурдсон за чудесното четвртфинале: Ова се случува еднаш во десет години

Објавено

на

Дагур Сигурдсон мораше да трпи и големи критики поради начинот на кој ја подготвуваше хрватската репрезентација во изминатиот период, но исландскиот стручњак дочека шанса да се прикажа во најдобро светло, и тоа со пласман во полуфиналето на Светското првенство.

Хрватска со чудесен пресврт се избори за драматична победа против Унгарија и со гол во последната секунда славеше со 31:30, натпревар кој направи да видиме и многу емотивни реакции кај обично мирниот Исланѓанец.

– Благодарност до Унгарија за неверојатната борба и неверојатниот натпревар. Одиграа извонредно, направија работите да бидат многу тешки за нас. Се боревме за секој гол, а со оглед на заморот и повредите кои ги имавме, овој успех е неверојатен.

– Завршницата на натпрварот беше магична, едноставно не се опишува со зборови. Ова е ракометот, ова е нашиот спорт, вакво нешто се случува еднаш во десет години.

– Голема благодарност до навивачите во „Арена“, тие беа извонредни. Не се откажаа и на минус четири, но истото важи и за играчите. Некои од нив го жртвуваа своето тело за да останат на терен. Среќен сум за овој голем успех, сега сме на добар пат и мораме да уживаме во моментот, – изјавил Сигурдсон на прес-конференцијата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни