Поврзете се со нас

Светски првенства

Сигурдсон се огласи за својата иднина во Хрватска по поразот во финалето

Објавено

на

Дагур Сигурдсон ја врати Хрватска при самиот врв на светскиот ракомет, но иако имаше за цел да биде на најубавото место на пиедесталот, Исланѓанецот на крајот мораше да се помири само со второто место.

Данска се покажа како преголем залак за Хрватите во големото финале кое вчера се одигра во Осло, а за хрватската јавност многу интересно беше прашањето поврзано за иднината на селекторот, особено поради тоа што беше доста оспоруван пред почетокот на Светското првенство.

Сигурдсон на овој ракометен мундијал покажа дека е зрел за највисоки дострели како предводник на „коцкестите“, па поразот во финалето нагласи дека останува селекторо на репрезентацијата.

– Секако дека постои разочарување после пораз во финале, сакавме подолго да се држиме во ова финале, но дадовме се што имавме. Немавме и среќа во одредени моменти, навистина би сакал да знам како ќе поминеше овој натпревар ако се играше во Загреб. Како и да е, честитки до Данска, тие се неверојатен тим, а ние ќе се обидеме следниот пат, – изјави Сигурдсон.

– Дојдов во Хрватска поради енергијата и емоциите. Навистина сум многу среќен, се чувствував препородено по натпреварот со Франција во Загреб. Дојдов да помогнам да го вратиме хрватскиот ракомет на врвот, а сега сме на чекор од тоа. Мора да останеме фокусирани, да работиме и да составиме вистински тим до следните Олимписки игри. Останувам селектор, тоа не се доведува во прашање. Се чувствувам одлучно тука и сите ме прифатија како што треба. Го сакам овој тим и го сакам нивниот дух, – потенцира Дагур.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни