Поврзете се со нас

Свет

Сигурдсон го назначи новиот хрватски капитен и изненади со изборот: Почнува една нова ера

Објавено

на

Дагур Сигурдсон ја врати Хрватска при врвот на светската ракометна мапа и донесе сребрен медал од 29-от мундијал кој заврши во неделата, издание кое само уште еднаш потврди дека „коцкестите“ имаат богата традиција на најголемите турнири.

Хрватска изгледаше непобедливо на домашен терен во клучните натпревари против Исланд и Франција, но сепак немаше сили за целосен подвиг, бидејќи во големото финале играше против најсилната репрезентација во овој момент.

Поразот од Данска значеше дека од репрезентацијата на Хрватска се простуваат три искусни ракометари, меѓу кои и капитенот Домагој Дувњак.

Покрај Дуле, во репрезентативна пензија заминаа и Игор Карачиќ и Иван Пешиќ, но секако поради значењето во тимот, најголемо внимание привлече одлуката за тоа кој ќе го наследи Дувњак како капитен.

Иако според многумина природна опција беше Лука Циндриќ, поранешниот играч на Вардар сепак нема да биде нов капитен на Хрватска, примат кој Сигурдсон реши да му го додели на Иван Мартиновиќ.

– Мартиновиќ ќе биде нов капитен на тимот, сметам дека е совршена личност за таа улога. Тој е во најдобри години (27), станува збор за играч од светска класа. Почнуваме една нова ера и мислам дека тој е најдобар пример за сите. Верувам дека момците ќе го следат новиот капитен, навистина сум среќен од изборот кој го направив, – изјавил Сигурдсон за „РТЛ“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни