Сидорф со пораз ја започна својата мисија во Ла Коруња (Видео)

sidorf

Легендарниот холандски ас, Кларенс Сидорф го прифати повикот и предизвикот со Депортиво Ла Коруња, но во својот прв меч на кормилото на клубот од Галиција доживеа пораз пред своите гледачи од Бетис со 1-0.

Клучниот момент на средбата се случи во 54 минута кога Лорен беше на вистинското место и ја затресе мрежата на Адан. Домаќините беа најблиску до погодок во 70 минута, но ударот на Адане заврши во стативата.

Сидорф ќе има тешка задача да го спаси Депортиво од испаѓање од елитата, по 23 рунди е на 19 место со 17 бодови.

Facebook Коментари