Сидорф ја заврши приказната во камерунската репрезентација

sidorf-1

Камерун успеа да стигне само до осминафиналето на Африканскиот куп на нации, а ваквиот резултат му донесе отказ на селекторот Кларенс Сидорф.

Поранешниот холандски репрезентативец го водеше Камерун до пласман на турнирот во Египет, но неговиот состав не успеа да ја победи Нигерија во осмифиналето, а таквиот епилог беше окарактеризиран како разочарување и неуспех од камерунската федерација.

Покрај Сидорд, од националниот тим на Камерун се повлекува и неговиот асистент Патрик Клајверт, а наскоро ќе биде познат новиот стручен штаб.

Facebook Коментари