Свет
Сидорф ја посочи скандалозната причина поради која не добива работа во елитните клубови

Кларенс Сидорф одлучи да премине во тренерските води по крајот на својата играчка кариера, но ако се направи заклучок по тоа што го видовме досега од него, мора да се приезнае дека не може да се зборува за ниту приближно посакуван развој на кариерата во ова поле.
Легендарниот играч за врска веќе цели две години нема никаков ангажман како фудбалски стручњак, па засега во неговото тренерско си-ви остануваат авантурите кои ги имаше во Милан, Шенжен, Депортиво Ла Коруња и Камерун. Сидорф во ексклузивното интервју за „Газета“ призна дека му е многу тешко да си најде нова работа, но излезе и со скандалозна изјава поврзана за неговата боја на кожата, која смета дека му создава проблеми при пронаоѓањето на тренерски ангажман.
– Играв цели 12 години во Италија, а после епизодата во Милан каде бев добар, не добив ниту еден повик од било кој клуб од оваа земја. Холандија е мојата земја, но исто како и од Италија, не добив ниту еден повик. Сакам да знам кои се критериумите за добивање повик?
– Зошто големи шампиони кои успеале и испишале историја во Европа не добиваа шанса да се истакнат како тренер. Ќе ви дадам пример, не само мојот. Зошто Виеира мораше да оди во Њујорк, а Анри во Канада?
– Во тренерскиот свет, нема еднакви шанси за сите, ако погледнеме реално, нема црни тренери во најсилните лиги во светот. Ова е нешто што треба да го загрижи цело општество, особено водечките луѓе, оние кои можат да ги менуваат работите, – вели Сидорф.

- НБАпред 23 часа
Ирвинг: Коби треба да биде новото лого на НБА лигата (ФОТО)
- Светпред 18 часа
Панучи: Освоив се во Милан, но само еден клуб е „фудбалски Холивуд“!
- Лига на шампионипред 22 часа
Фердинанд му ги посочи двете најголеми закани на Гвардиола во Лигата на шампионите
- Англијапред 19 часа
Фабрегас го издвои играчот кој менува натпревари во Арсенал: Каква зрелост и каква интелигенција (Фото)
- Лига на шампионипред 20 часа
Лазаров беше најдобар против европскиот шампион, Нант испушти победа во завршницата
- Светпред 21 час
Ибра направи разлика меѓу „старата фудбалска школа“ и новата генерација на фудбалери: Одиграле добри пет минути…..
- Светпред 24 часа
Анри ја заврши приказната во МЛС лигата (ФОТО)
- Лига Европапред 17 часа
Станковиќ збесна на „Сан Сиро“: Јас не играв крикет, бев во фудбалот 25 години!