Лига на шампиони
Сидорф ги нападна ѕвездите на Анчелоти: Видов гестикулации кои воопшто не ми се допаднаа

Реал Мадрид по петти пат во последните 11 години беше подобар од Атлетико Мадрид во една елиминациска фаза во Лигата на шампиони, овојпат во осминафиналето кое имаше одновно драматичен финиш на „Метрополитано“.
Во речиси идентични услови како од финалето во Милано од 2016-та година, играчите на Реал на крајот имаа повеќе нерви во пенал рулетот, па со победата од 4:2 си закажаа четвртфинален двомеч со Арсенал.
Последниот гол на Ридигер означи старт на големото славје на теренот, кое кулминираше и со „опасни танцови“ во близина на навивачите на Атлетико.
Иако целта беше да се поздрават фанови на Реал кои беа во горните редови од трибината, играчите на Реал всушност беа поблиску до навивачите на Атлетико, па тоа направи да видиме и невкусни сцени и провокации кои во живо ги посведочил Кларенс Сидорф.
Легендарниот играч за врска дел од својата кариера ја мина токму во Реал, па немаше проблем да испорача сериозна критика за однесувањето кое го имаа дел од ѕвездите на Анчелоти.
– Не ми се допаднаа завршните сцени од играчите на Реал Мадрид. Мора да имате почит кон противничките фанови, едноставно не ги сакам таквите работи. Јасно е дека навивачите на Реал беа во погорниот дел од трибината, но видов неколку гестови од играчи кои воопшто не ми се допаднаа. Видов неколку работи за кои не сакам воопшто да зборувам на телевизија, – изјави Сидорф.
-
Игри на среќа22 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Свет21 час
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони10 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет10 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија22 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Балкан23 часа
Несторовски со гол и асистенција ја доби битката со Елези во Хрватска (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија20 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)