Сидорф доведе поранешен соиграч во Депортиво

sidorf

Кларенс Сидорф ќе се обиде да му обезбеди опстанок на Депортиво, но на стартот неговиот тим забележа два пораза на исто толку натпревари и се наоѓа во опасната зона на Ла Лига.

Холандскиот стручњак се обидува на секој начин да ја подобри формата на својот тим, а во меѓувреме реши да го ангажира и искусниот Сули Мунтари кој потпишал договор до крајот на актуелната сезона.

Мунтари има 33 години и му беше соиграч на Сидорф во Милан, а негов последен клуб беше италијанскиот клуб Пескара со кого соработуваше до крајот на претходната сезона.

Депортиво со 17 бодови е на претпоследното место во Ла Лига и има три бодови помалку од Леванте кој е првиот клуб над опасната зона.

Facebook Коментари