Поврзете се со нас

НБА

Сиакам тргна на забивање на „минус три“, коментаторите не можеа да поверуваат (Видео)

Објавено

на

foto: x.com/NBAFRANCE

Индијана не успеа да излезе како победник во драматичната завршница на гостувањето кај Атланта, што е трет неуспех за Пејсерс на последните пет натпревари во НБА лигата.

Гостите го имаа последниот напад со негатива од три поени и логично беше да се обидат да се изборат за продолжение со тројка, но Паскал Сиакам ги изненади сите во арената, па и коментаторите кога тргна на забивање.

Поените на Камерунецот донесе само намалување на предноста на половина секунда до крајот, за по очекуваниот прекршок, Атланта да го добие натпреварот со конечни 120:118.

Нелогичниот потег на Сиакам го изненади и неговиот тренер, но и коментаторите кои не можеа да поверуваат во донесената одлука на играчот на Индијана.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни