Поврзете се со нас

Англија

Си заминува од Ливерпул: Мидо ја откри новата дестинација на Салах

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Мохамед Салах веќе долго време е дел од премиерлигашот Ливерпул каде одигра клучна улога во успесите на клубот под водство на Јирген Клоп, стратег кој си заминува од „Енфилд Роуд“ по крајот на оваа сезона.

Неговото заминување значи крај на една ера и може да повлече и потези на други актери како што е токму напаѓачот Салах кој и во минатото беше мета на други клубови.

Мо има договор до 30 јуни 2025 година, но според неговиот сонародник и некогашен член на Тотенхем, Ајакс, Марсеј, Вест Хем…Ахмед Хосам Мидо тој ќе се пресели во Саудиска Арабија по крајот на сезонава.

-Мохамед Салах следната сезона ќе биде во Саудиската лига. Договорите се потпишани, -напиша Мидо на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни