Си фаќа сеир сам на себе: Нејмар се истрола за циркусот кој го направи на мундијалот во Русија (Видео)

nejmar-lezi-mex

Нејмар испрати доста депримирачка порака по крајот на мундијалот во Русија, односно елиминацијата на Бразил во четвртфиналето со Белгија, но 10-тина дена подоцна може да се забележи е дека во далеку поведро расположение со оглед на тоа што одлучи да си фаќа сеир на самиот себе.

Прецизните статистичари пресметаа дека Нејмар мина повеќе од 14 минути лежејќи на Светското пррвенство, но сепак најголемо внимание предизивка неговото тркалање и криците за болка на дуелот со Мексико кој инаку без проблеми го доигра до самиот крај. Напаѓачот на Бразил за таквиот потег доби безброј критики и обвинувања дека е обичен симулатор, а бидејќи во последно време на социјалните мрежи посебно актуелен стана „Нејмар предизвикот“ кои ни овозможи да видиме различни примери за негови имитации, сега и самиот Нејмар одлучи да се истрола самиот себеси, користејќи помош од група деца во Бразил.

Facebook Коментари