Поврзете се со нас

Европски првенства

Швеѓаните се помирија со одлуката на ЕХФ, но бараат ново правило: Ова не смее да се повтори

Објавено

на

ЕХФ денеска експресно ја одби жалбата на Шведската ракометна федерација за завршницата на полуфиналето на дуелот меѓу Шведска и Франција на Европското првенство, со што европската централа само официјално потврди дека македонската судиска двојка немала задолжителна обврска да ја прегледуваат снимката од спорниот момент, односно голот на Пранди за продолжение.

Швеѓаните ја прифатија одлуката, но апелираат да се избегне повторување на вакви сцени, односно да се овозможи контрола на случувањата по примерот на ВАР технологијата во фудбалот.

– Ова го правиме за да се избориме никој друг да не го доживее она што ни се случи нас вчера.

– Повеќе луѓе треба да бидат инволвирани во одлуката дали треба да се прегледува снимката или не, не мора да биде оставено само на судиите, – изјавил шведскиот селектор Глен Солберг.

– Најдобро би било кога би имало уште едно лице кое би правело проверка и смирено би комуницирал со судиите на теренот, – рекол голманот Паличка.

– Би требало да постои уште некој кој може да им посочи да ја гледаат снимката, исто како во фудбалот. Затоа што вакво нешто не смее да се случи на толку важен натпревар, – изјавил Феликс Клар, кој е убеден дека судиите ја оштетиле Шведска, односно голот на Пранди бил нерегуларен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни