Швеѓанецот Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап (Видео)

duplantis1

Шведскиот атлетичар Aрманд Мондо Дуплантис денеска постави нов светски рекорд во дисциплината скок со стап.

Актуелниот светски вицешампион скокнал 6,17 метри за време на митингот во Торун, Полска, со што за еден сантиметар го собори досегашниот рекорд на Рено Лавијене, кој Французинот го постави во 2014 година.

Дуплантис поседува голем потенцијал и е актуелен европски шампион, а денеска стигнал до рекордна височина од втор обид.

Facebook Коментари