Шведскиот судија Ериксон откри зошто не преферира да „соработува“ со Лихтштајнер

eri-lie

Штефан Лихтштајнер и на 34-годишна возраст останува прв избор на својата позиција за швајцарскиот селектор Владимир Петковиќ, а денеска не го доигра натпреварот против Бразил само поради тоа што се пожали на повреда и мораше порано да го напушти теренот.

Новиот член на Арсенал импонира со својата пожртвуваност покрај десната аут-линија, но според еминентниот шведски судија Јонас Ериксон, негова главна карактеристика е незгодниот темперамент.

– За да дадам оценка за некој фудбалер, треба да сум се среќавал со него на теренот повеќе пати. Не можам некого да оценувам од еден натпревари, бидејќи секој може да има лош ден, но Лихтштајнер е најнервозниот фудбалер кој го познавам.

– Секогаш е лут и нервозен и практично е невозможно да водите дискусија со него, а исто така лесно знае да го испровоцира противникот и да направи гужва, – истакнал Ериксон во денешното гостување во шведската телевизија која ги пренесува натпреварите од СП во Русија.

Facebook Коментари