Зимски спортови
Шведски скијач може да загуби прст поради екстремна температура на натпревар (Фото)

Шведскиот крос-каунти скијач Михаел Еклоф не е премногу познат на пошироката спортска јавност, но во својата земја важи за еден од најдобрите натпреварувачи во дисциплината скијачко трчање.
30-годишниот Еклоф изминатите денови учествувал на специјалната трка „Ла Диагонела“ која се одржувала во Швајцарија, а сега може да остане без еден прст поради екстремните услови на делницата.
Температурата се движела меѓу 23 и 28 степени под нулата, а иако учесниците стигнале до целта, подоцна ги почувствувале последиците од својот настап на трката.
Еклоф има проблеми со прстите на нозете, а може да го загуби и палецот на едната нога.
– Во моментов ми се вртат многу мисли низ глава, но најлошата е дека можам да го загубам прстот. Толку е повреден внатрешно, што докторите не знаат дали ќе „преживее“. Времето ќе покаже дали ќе имам среќа, – изјавил Еклоф.
– Трпам многу болки, не можам да облечам обувки и постојано сум дома. Работам како продавач за да можам да си дозволам спортска кариера, но сега морав да земам боледување, – открил Еклоф, кој побара одговорност од организаторите за екстремните услови, на трката на која го освоил само 59. место.

- Лига на шампионипред 24 часа
Иличиќ бесен откако беше изваден по само 30 минути игра, Гасперини веднаш му возврати
- Италијапред 21 час
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Англијапред 22 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 22 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19
- Лига на шампионипред 23 часа
Гвардиола одговори на прашањето дали се фаворити во Лигата на шампионите: Kога ги гледам нив не би рекол дека сме
- Лига на шампионипред 21 час
Капело: Прво беше оштетен Лацио, па Аталанта, ова станува сомнително
- Англијапред 20 часа
Гвардиола ја откри тајната на Сити за успесите: Имаме многу пари за да купиме неверојатни играчи (ВИДЕО)
- ВТАпред 21 час
Ѓорческа немаше одговор за шестата носителка во Москва