Поврзете се со нас

Лига на нации

Шведска жртва на најголемата ВАР грешка во историјата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/svenskfotboll

Шведска го разнесе Азербејџан во фудбалска смисла на зборот и постигна шест гола во мрежата на гостите, но факт е дека домаќините можеа да бројат и до осум ако се знае дека Исак не реализираше пенал, а му беше поништен и еден гол.

Напаѓачот на Њукасл постигна гол за 4:0 пред крајот на првиот дел, но истиот беше поништен поради офсајд ситуација која крена голем прав на интернет.

Имено, луѓето во ВАР собата ја направија најголемата грешка откако е воведена видео технологијата, бидејќи досудија офсајд за акција која се случи неколку секунди претходно, а во која Исак воопшто немаше влијание.

Шведскиот напаѓач целосно беше во регуларна ситуација кога ја прими топката во вториот дел од акцијата, но поради проверка на погрешна снимка, луѓето во ВАР се посрамотија за сите пари.

Оваа огромна грешка немаше никакво директно влијание врз резултатот, но уште еднаш покажува дека можат да се направат катастрофални грешки кога ВАР системот се употребува несоодветно.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни