Поврзете се со нас

Олимписки игри

Шведска убедлива против САД, составот на Андоновски започна со пораз во Токио (Видео)

Објавено

на

Женската американска фудбалска репрезентација доживеа убедлив пораз од Шведска (3:0) на стартот на својот настап на олимпискиот турнир во Токио.

Селекцијата предводена од македонскиот стручњак Влатко Андоновски, како актуелен светски шампион важи за најголем фаворит за трофејот во јапонската престолнина, но денешниот пораз е сериозна опомена за Американките.

Истиот дојде од селекцијата која традиционално им создава проблеми на најдобрите фудбалерки од САД, а ги елиминираше во четвртфиналето на претходната Олимпијада во Рио.

Швеѓанките дојдоа во водство во првиот дел преку Блакстениус, истата фудбалерка зголеми на 2:0 во вториот дел, а Хуртиг ги постави конечните 3:0 и донесе голема радост за скандинавската селекција.

Ова е прв пораз на селекцијата на САД откако таа е предводена од Андоновски и прв по серија од 44 натпревари без пораз.

Во истата група подоцна играат Нов Зеланд и Австралија, а следен противник на Американките е селекцијата на Нов Зеланд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни