Поврзете се со нас

Европски првенства

Шведска остана без важни играчи за полуфиналето, голем пех и за Шпанија

Објавено

на

Шведската ракометна репрезентација доби многу лоши вести во пресрет на денешното полуфинале на Европското првенство.

Швеѓаните за противник ја имаат секогаш моќната Франција, а во Будимпешта ќе мора да настапат без многу важни играчи.

Поради ковид, од составот дефинитивно отпаднаа Хампус Ване, Никлас Екберг, Феликс Клар и Лукас Сандел, а на нивните места се вметнати Лукас Пелас, Даниел Петерсон и Линус Персон, иако Пелас треба да има уште еден негативен тест за да добие зелено светло за настап на дуелот.

Сите играчи кое не можат да настапат во полуфиналето, остануваат на ЕП и постојат шанси да добијат зелено светло за битката за прво или трето место во недела.

Засега не е јасно дали на голот на Шведска ќе се врати Андреас Паличка.

Неколку часа пред дуелот меѓу Шпанија и Данска, „фуријата“ остана без Феран Соле, кој исто така имал позитивен тест на ковид-19.

Покрај Соле кој е посебно важен за Шпанците, од составот поради истата причина отпаднал и Серхеј Родригез.

Шпанија и Данска играат од 18 часот, додека Франција ќе се соочи со Шведска од 20:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни