Поврзете се со нас

Европски првенства

Шведска го слави Паличка, пласман во финалето каде ги чека Шпанија

Објавено

на

Репрезентацијата на Шведска е вториот финалист на Европското ракометно првенство откао во натпревар со доста неизвесен финиш ја совладаа Франција со 34:33

Франција одлично го почна натпреварот и имаше предност од четири гола 5:1, и 7:3 во десеттата минута.

Сепак тука Францизте стиснаа на кочницата, а Шведска ја стопи предноста, а потоа и постепено ја подигнуваше, за на полувреме да замине со три гола позитива.

Во вториот дел Швеѓаните не дозволија Франција да им се доближи, се до самиот крај, односно до последните секунди кога „галските петли“ имаа напад за израмнување кој би го одвел натпреварот во продолженија.

Сепак, јунакот на Шведска, Андреас Паличка го скроти зицер ударот на Фабрегас и донесе огроман радоста за селекцијата на „трите круни“.

Шведска во финалето ќе се соочи против Шпанија во реприза на финалето од Европското првенство 2018 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни