Поврзете се со нас

Англија

Швајнштајгер за дебаклот на Јунајтед: Резултатот не е изненадувачки

Објавено

на

Убедливиот пораз на Манчестер Јунајтед од Ливерпул ќе донесе многу критики за менаџерот Оле Гунар Солскјер и неговите фудбалери, но според Бастијан Швајнштајгер резултатот на „Олд Трафорд“ не е големо изненадување.

Германецот твитна веднаш по завршувањето на премиерлигашкото дерби, посакувајќи Јунајтед наскоро да се врати на врвот на англиската фудбалска сцена.

– Тежок ден за сите фанови на Манчестер Јунајтед и сите во клубот, но овој резултат не е изненадување, не дојде како гром од ведро небо.

– Ливерпул му ја покажа на домашниот тим разликата, а таа е голема и се однесува на филозофијата и визијата.

– Честитки за Ливерпул, се надевам дека Јунајтед ќе се врати брзо, – вели Швајнштајгер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни