Лига на нации
Швајнштајгер по историскиот потоп на Германија: Имам само едно прашање до селекторот Лев

Бастијан Швајнштајгер беше еден од темелите на германскиот состав кој ја освои титулата на Светското фудаблско првенство пред шест години, а како играч кој остави длабока трага во германскиот фудбал, легендарниот играч за врска сега си даде за право да му постави едно директно прашање на селекторот.
Повод за вакво нешто беше историскиот дебакл кој го доживеаја „панцирите“ на гостувањето во Севилја, натпревар кој Германците сигурно нема брзо да го заборават, со оглед на тоа што беа декласирани со неверојатни 6:0 во Лигата на нации.
Шпанија и одржа фудбалска лекција на Германија и си обезбеди билет за Ф4 турнирот во Лигата на нации, натпреварување во кое Германија втора година по ред се посрамоти и доживеа тешки порази.
– Може да се загуби од Шпанија која е голем тим, но не смее да се загуби 6:0 и на ваков начин. Една германска фудбалска селекција не смее да игра на ваков начин, ова беше понижувачки, – изјави легендарниот Швајни како експерт за „АРД“.
– Имам само едно прашање до националниот селектор и неговиот тим. Тие имаат свое мислење, но моето е поразлично од нивното. Играчи како Боатенг и Милер ја освоија триплетата, играат во најдобриот тим во Европа и се стандардни стартери. Исто така, тоа се германски фудбалери, моето прашање е следно: Зошто не се во репрезентацијата?, – запраша Швајнштајгер кој со оваа изјава ја започна својата кампања за враќање на играчи кои поседуваат голем квалитет.

- Светпред 20 часа
Венгер: Не сме свесни каков играч имаме во Франција, истата грешка ја направивме со Платини, Зидан и Анри
- Шпанијапред 24 часа
Лапорта ги именуваше трите фудбалери со кои ќе започне реновирањето во Барселона
- Светпред 22 часа
Кејлор Навас: Секогаш ќе им бидам благодарен на фановите на Реал Мадрид, но не и на…….
- Англијапред 21 час
Фердинанд за денот кога го „уништил“ Руд: Ќе се степав со Ван Нистелрој поради Роналдо!
- НБАпред 24 часа
Јанис трипати го „прелета“ Јокиќ, но доби кошаркарска лекција за возврат (Видео)
- Шпанијапред 19 часа
Дренте откри како Рамос го имитирал Кристијано на тренинзите на Реал (Видео)
- Италијапред 21 час
Буфон обелодени како му се обраќа на Пирло пред останатите соиграчи во Јувентус
- Англијапред 18 часа
Новата ѕвезда на Гвардиола: Викенд од соништата за мене беше кога ги гледав Фердинанд и Видиќ на телевизија