Германија
Швајнштајгер: Чаби Алонсо ќе ја освои титулата, а потоа ќе си го исполни сонот
Бастијан Швајнштајгер е жива легенда на Баерн Минхен и будно ги следи сите случувања во клубот, кој оваа година за разлика од обично има голема конкуренција во Бундеслигата.
После 11 последователни трофеи во домашното првенство, Баварците се сериозно предизвикани од Баер Леверкузен кој е непоразен од стартот на сезоната, а како таков влегува и во големото дерби кое се игра во сабота.
Леверкузен ќе биде домаќин на „Бај Арена“ во спектаклот кој се очекува во Германија, но Швајни реши да гледа многу подалеку од овој дуел и прогнозираше дека Баер конечно ќе ја прекине доминацијата на Баерн во Бундеслигата.
– Да не беше Леверкузен толку силен оваа сезона, Баерн ќе беше веќе далеку напред и ќе имаше важна предност за титулата. Да бидам искрен, прилично сум убеден дека трофејот ќе заврши во Леверкузен оваа сезона, – порачува Швајнштајгер, кој исто така верува дека Чаби ќе заврши во Ливерпул претстојново лето.
– Го познавам Чаби и сметам дека негов сон е да го тренира Ливерпул. Веќе можам да замислам како си заминува ова лето. Сметам дека ќе оди во Ливерпул, иако за мене лично би било подобро да остане во Германија, – додава Швајни.
-
Шпанија18 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Шпанија20 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Македонија22 часа
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија18 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија21 час
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија22 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Репрезентација23 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа
-
Англија18 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот