Европски првенства
Швајцарскиот селектор за системот на Спалети: Знаевме дека ќе ја уништиме Италија

Лучано Спалети повторно правеше промени во стартниот тим на Италија, но измената во формацијата се покажа како целосно погрешна одлука, нешто што се одрази врз играта, но и врз конечниот резултат.
Швајцарија и одржа фудбалска лекција на Италија и го детронизираше актуелниот европски првак, но начинот на кој го направи тоа предизвика изненадување кај голем број фудбалски фанови.
Фаворизираната Италија во ниту еден не се наметна во клучната фаза од мечот, а по остварената победа од 2:0, селекторот Мурат Јакин со огромна самодоверба говорел за тактичките детали од мечот.
Наместо 3-5-2, Спалети излезе со формација 4-3-3, а Јакин смета дека огромна предност за нив било тоа што Спалети се одлучил да игра со четворица во одбрана.
– Неверојатно е што ни се случува на овој турнир во Германија. Уживавме на секој стадион, голема благодарност до нашите фанови. Да бидам искрен, знаевме дека ќе ги уништиме Италијанците ако играат со четворица во одбрана. Покрај тоа, Дан Ндоје го затвори средниот ред и неговиот играч Ел Шарави едвај ја виде топката.
– Направивме голем чекор и испративме силен сигнал. Непоразени ја завршивме групата и игравме добро, а натпреварот со Германија ни потврди дека можеме да се бориме со сите. Не игравме само бункер чекајќи контра, покажавме дека можеме да напаѓаме и да доминираме, – изјавил Јакин.
-
Италија16 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија17 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија17 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет14 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија11 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија9 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)