Поврзете се со нас

Европски првенства

Швајцарски новинар го дотолчи Спалети: Ние сме Ферари, а вие Фиат Панда

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Лучијано Спалети заработи многу критики од италијанските медиуми и пред се од фановите за начинот на кој Италија се прикажа на актуелното ЕП, а селекторот уште долго ќе треба да ги објаснува фактите кои ги смета за клучни за ваквото сценарио во Германија.

„Азурите“ загубија од Швајцарија, а на прес-конференцијата по мечот во Берлин Спалети морал да одговара и на провокативни прашања, вклучувајќи и едно од очигледно добро расположен швајцарски новинар.

– Дали може да се каже дека ние бевме Ферари, а вие Фиат Панда? – прашал новинарот, по што Спалети се обидел да биде присебен и да не предизвика скандал.

– Кога губите натпревар, мора да прифатите се што ќе се коментира, дури и невкусни алузии како вашата.

– Очигледно е дека знаете да испорачате иронија, а јас ќе кажам дека сте во право, бевте подобри и заслуживте да победите, – рекол Спалети, по што побарал да дознае како се вика новинарот, кој веројатно ќе влезе на неговата „црна листа“.

Во својот текст, италијанска „Република“ го завршува текстот со коментар дека „Спалети имаше Фиат Панда и му беше украдена во Неапол, додека во Берлин не знаеше како да ја вози“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни