Швајцарија му укажа голема чест на Федерер

federer-basel1

Швајцарската влада денеска соопшти дека наскоро ќе бидат пуштени во оптик сребрени монети со вредност од 20 франци, на кои ќе се најде слика на Рожер Федерер.

Најдобриот швајцарски тенисер е вистински амбасадор на својата земја во целиот свет, па Швајцарците решија да му укажат голема чест, бидејќи досега ниту една позната личност не се нашла на монета додека била жива.

– Првпат во историјата „Свисминт“ ќе издаде пригодна монета со слика на жива личност. Федерер е голем амбасадор на нашата земја, – стои во соопштението на владата.

Во оптек ќе бидат пуштени 95.000 сребрени парички, а следната година ќе биде достапна и златна монета со ликот на Федерер и вредност од 50 франци.

Facebook Коментари