Поврзете се со нас

Репрезентација

Швајцарија ја надигра ослабената Македонија во „Јане Сандански“

Објавено

на

Кошаркарската репрезентација на Швајцарија славеше победа против селекцијата на Македонија во воведниот натпревар од претквалификациите за Светското првенство во 2023 година.

Швајцарцијте во „Јане Сандански“ славеа со резултат 67:62, а имаа тотална контрола на резултатот во текот на целиот натпревар.

Евидентно беше отсуството на голем дел од клучните играчи во нашата репрезентација кои дефинитивно ќе помогнеа да се остави подобар впечаток во овој натпревар.

Во таборот на Швајцарија најрасположен за игра беше Џоната Казаби со 19 поени, додека одличен бече и Роберто Ковач кој даде 15 кошеви од кои четири тројки во клучни моменти од натпреварот.

Кај Македонија најефикасен беше Адем Мекиќ со 16 поени, а солиден беше и Џејкоб Вајли кој зад своето име запиша дабл-дабл учинок со 15 поени и 13 скокови.

До крајот на овие претквалификации остануваат уште три натпревари за нашата селекција. В сабота ќе играме со Словачка, во понеделник повторно со Швајцарија, а кругот го завршуваме во среда кога ќе го играме вториот натпревар против Словачка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни