Поврзете се со нас

Европски првенства

Швајцарците со лекција за Италија, Европа ќе добие нов шампион (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nati_sfv_asf

Швајцарија е прв четвртфиналист на ЕП во Германија, а до место меѓу најдобрите осум дојде со заслужена победа над актуелниот европски шампион Италија (2:0).

Швајцарија ја имаше првата шанса преку Емболо, но Донарума одлично одбрани, за италијанскиот голман да не успее да повтори истото нешто подоцна.

Фројлер доби одлична топка во шеснаесетникот каде влезе од втор план и убаво биеше за почетна предност на Швајцарците, односно резултат 1:0.

До крајот на полувремето Италија не успеа стигне до израмнување, а вториот дел во Берлин започна со нов шок за Лучијано Спалети и неговите избраници.

Овојпат Варгас доби топка на работ на шеснаесетникот и испрати одличен удар кон италијанскиот гол, при што Донарума беше немоќен да спречи атрактивен погодок и зголемено водство од 2:0.

Противник на денешниот победник во четвртфиналето ќе биде подобриот од мечот меѓу Англија и Словачка кој се игра утре.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни